Шпанскиот репрезентативец Давид Балагер би можел да го засили францускиот шампион ПСЖ, пишува „Ouest France“.
Балагер ја игра шестата сезона во Нант, а договорот му истекува на лето, па може без проблеми да замине.
Дека овој трансфер е пред официјализација, говори и фактот што Нант веќе пикирал замена за Балагер, а тоа е уште еден шпански интернационалец.
Според „Diario Vasco“, во Нант на лето би требало да дојде десното крило на Бидасоа, Каулди Одриозола.
Нант претходно го објави доаѓањето на двајцата голмани Иван Пешиќ и Виктор Халгримсон, како и продолжувањето на соработката со Александре Калваканти.