Завршниот турнир во Лигата на шампионите од сезоната 2019/2020 ќе се одржи среден сезоната 2020/2021 на добро познатото место – „Ланксес Арена“ во Келн.
Термините што ги одреди Европската ракометна федерација се 28 и 29 декември, па за првпат Ф4 ќе се игра во работни денови, понеделник и вторник.
Иако европскиот шампион Вардар е елиминиран на зелената маса и нема да игра во Келн, на предновогодишната забава со богатите клубови на ЕХФ, ќе играат многу поранешни членови на „црвено-црниот“ тим.
Тука ќе бидат тренерите Раул Гонзалес и Давид Дејвис, како и Даинис Кристопанс кој треба да игра за ПСЖ и Лука Циндриќ, членот на Барселона.
Најбројно друштво од Вардар има во Веспрем – за унгарскиот гигант на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе настапат Дејан Манасков, Хорхе Македа, Данил Шишкарев, Вуко Борозан, Рожерио Мораес Фереира, а тука е и кондицискиот тренер Марија Лојаница.