Еден од најстарите српски клубови суспендиран од лигата!

Еден од најстарите клубови во Србија, Железничар од Ниш е суспендиран од Супер Б лигата бидејќи не успеал да го исплати долгот во висина од 225.000 динари, односно нешто повеќе од 1900 евра, пренесува српски „Журнал“.

20 дена по истекот на рокот во кој тимот од Ниш требаше да ја плати третата рата од членарината за натпреварувањето во Супер Б лигата, раководните лица на лигата донесоа решение со кое го суспендираа овој клуб.

Суспензијата на Ниш ќе трае се додека клубот не ја плати третата рата од членарината. Сметката на Железничар останува блокирана поради големиот долг од два милиони евра.

Пред пет години тимот од Ниш тргна амбициозно, а на тренерската позиција го донесе Веселин Вујовиќ. Со него требаше да се крене нивото на квалитет и да се добие на популаризација.

Од 2019 година работите комплетно се сменија откако клубот доби ново раководство.