Членот на Фуксе Берлин, Ханс Линдберг, кој е меѓу најплатените 20 ракометари на светот, нема намера да се пензионира.
Легендарниот ракометар на Данска иако има 41 година, сепак, сѐ уште игра во одлична форма во најсилната лига на светот, па така реши да продолжи уште неколку сезони.
Данецот во следното лето ќе го напушти бундеслигашот и ќе се врати во својата татковина.
Линдберг кариерата ќе ја продолжи во својот матичен клуб Елит. Се работи за тим кој коментално се натпреварува во второто по квалитет натпреварување во Данска.
Десното крило и раководството на Елит се договорија на тригодишна соработка. По завршувањето на договорот, тој ќе стане спортски директор на клубот.
Искусниот ракометар од сезона 2016/17 настапува за Фуксе Берлин. Претходно беше дел од екипите на Хамбург, Виборг, ГОГ и Нордсјеланд.
За потсетување, пред извесен период Линдберг го продолжи договорот со Фуксе Берлин на уште една година.