Швајцарскиот репрезентативец Ник Томинец објави дека ќе ја заврши кариерата по крајот на оваа сезона.
Десното крило, кое има хрватско-словенечки корени и беше своевремено дел и од младите селекции на Хрватска, има 31 година, а долго време настапува за Кадетен Шафхаузен.
„За жал, последните неколку месеци сфатив дека дојде време да кажам крај. Тоа е одлука донесена поради мојата физичка состојба и проблемите со здравјето“, вели Томинец.
Тој настапува во швајцарското првенство од 2011/12. За тоа време постигна повеќе од 600 погодоци. Томинец пет пати стана првак на Швајцарија, има два трофеи во Купот и седум во Суперкупот.