Ракометарот кој во минатата сезона беше на 4. место на листата на стрелци во Асобал лигата, Виктор Алонсо Гарсија одлучи да го напупшти тимот на Пуенте Хенил и да се пресели во Косово каде што ќе настапува за составот на Беса Фамгас.
Гарсија дојде во клубот на барање на тренерот Хавиер Кабањас кој е негов сонародник. Тој имаше постигнато 96 гола пред прекинот на првенството, а самиот вели дека не размислувал премногу кога потпишал.
„Одлуката да дојдам и да играм на Косово не беше воопшто тешка. Првиот момент кога ме повика претседателот на клубот и тренерот Кабањас знаев дека треба да прифатам. Ми се допаѓа предизвикот“, вели Гарсија, кој има 30 години.
Гарсија настапува на позицијата десен бек, а во својата кариера досега го има носено дресот на Портланд Сан Антонио, Овиедо, Ваљадолид, Нава, Ателтико Мадрид, Адемар Леон, Стинта Бакау (Романија), Кретеј (Франција) и Анхел Хименез Пуенте Хенил.