Еден од најдобрите млади ракометари на Данска, Ласе Матијас Педерсен кариерата ќе ја продолжи во редовите на Савехоф.
Савехоф објави дека потпишале двегодишен договор со ракометарот на Гудме и истиот ќе стапи на сила од наредната сезона. Потпишувањето на договорот за Педересен доаѓа само еден ден по неговиот 20-ти роденден.
Педерсен е еден од ракометарите од кои во Данска очекуваат многу во наредниот период и се истакна како лидер на данската репрезентација составена од ракометари родени 2002 година.
„Савехоф и јас мислам дека ќе бидеме одличен пар. Ќе работам со одлични тренери и верувам дека нивната филозофија ќе ми помогне да достигнам едно ново, повисоко ниво. Клубот има голема традиција и им дава шанса на младите ракометари. Задоволен сум што сум дел од овој тим“, зијави Педерсен за клупскиот сајт на Савехоф.