Левото крило на репрезентацијата на Бразил, Фелипе Боргес од Кретеј се сели во Асобал лигата и ќе настапува за екипата на Пуенте Хенил. Веста за неговото доаѓање во Пуенте Хенил беше официјално потврдена од неговиот нов клуб.
Искусниот репрезентативец на Бразил со шпанскиот клуб потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот.
36-годишниот ракометар во својата кариера имаше настапи во шпанскиот шампионат. Беше дел од екипите на Арагон и Адемар Леон. Освен за двете екипи од Шпанија, Боргес настапуваше и за екипите на Монпелје, Спортинг Лисабон и Трембле.
За репрезентацијата на Бразил има одиграно 280 официјални натпревари и постигнато 760 погодоци. На Олимписките игри во Токио оваа година, Боргес настапи за репрезентацијата на Бразил која заврши на 10 позиција.