Десното крило кое лани настапуваше за Бутел Скопје, Мартин Димов, се наоѓа пред потпис со тимот на Пролет.
Пролет остана без репрезентативец Мартин Поповски, кој замина во швајцарскиот тим Амичитија Цирих, па бараше нов играч на десната крилна позиција.
Димов потекнува од составот на Борец Велес, настапуваше за Вардар Јуниор и за првиот тим на Вардар, а лани беше дел од Бутел Скопје.
Пролет претходно се засили со Дејан Пецаковски од Металург и со најдобриот суперлигашки стрелец Давор Палевски.