Тимот на Прилеп продолжува со формирањето на ростерот пред стартот на новата суперлигашка сезона.
Најновото име на листата засилувања за прилепскиот состав е десното крило од Грузија, Левани Имнадзе.
Имнадзе има 22 години, доаѓа од тимот на Куаиси и ќе има тешка задача да го замени неговиот сонародник Реваз Чантурија, кој остави длабока трага во македонскиот ракомет.
Претходно прилепчани ги донесоа Никола Цветаноски, Владан Кастратовиќ, Томче Трајчевски, Драган Јелушиќ, Пеце Рајатоски и Давид Ацевски, а вратија и двајца младинци кои играа во други клубови.
Прилеп го ангажираше Божидар Мојсов на тренерската клупа за новата сезона и влегува со зголемени амбиции.