Репрезентациите на Исланд и Хрватска одиграа драматичен натпревар во рамките од 3. коло од главната фаза на ЕП, а на победа се радуваше Хрватска, која со голот на Анте Гаџа, забележа триумф од 23:22.
Ракометарите на Хрвоје Хорват добро отворија, поведоа со 1:0 преку Мартиновиќ, но за својот втор гол чекаа цели осум минути. Репрезентацијата на Исланд го имаше голманот, Халгримсон, кој со своите интервенции им даваше ветер во грб на своите колеги.
Исланѓаните ја искористуваа секоја дадена прилика и веќе по десет минути игра имаа плус два, 4:2. Ниту тајм-аутот на Хорват не беше доволен за некоја промена на резултатот. Водството на Исланд започна да се зголемува на сериозна позитива. По дваесетина минути игра, резултатот беше 9:4 за исландскста репрезентација.
Играта на Хрватска во нападот од 20 минута до крајот на првото полувреме главно се базираше 7 на 6. Тоа даде резултат и ракометарите на Хрватска се изборија за минус два на полувреме, 12:10.
Во второто полувреме со погодоците на Мариќ и Мартиновиќ, Хрватска дојде до пресврт, односно до второто водство на натпреварот од 14:13. Сето она што беше сработено во првиот дел од страната на Исланд, во второто полувреме исчезна за само неколку минути игра. Двете репрезентации ги заменија улогите на терен, па така репрезентација на Хрватска редовно доаѓаше во позиција за погодок и успешно започна да ја полни мрежата на Исланѓаните.
Со серија на неколку погодоци, водството на Хрватите на петнаесетина минути до крајот на натпреварот беше плус пет, 20:15. Во последните десет минути се влезе во егал завршница бидејќи Исланд целосно се врати во игра намалувајќи на само минус еден, 20:21, а во 55. минута дојде и до 22:21.
Начиновиќ израмни на 22:22, додека Исланд на триесетина секунди промаши за водство. Во последниот напад на Хрватска, ракометарот на Вардар, Анте Гаџа со својот прв гол и донесе победа на својата репрезентација од 23:22, а за „рибарите“ немаше време и овој пораз ги остава чекор подалеку од полуфиналето на ЕП.