Шпанецот Хорхе Македа летово се пресели од ПИК Сегед во Веспрем и со нетрпение очекува да ја започне сезоната во новиот дрес.
32-годишниот десен бек во интервју за унгарските медиуми зборуваше за новите почетоци во Веспрем, а особено истакна дека сака што побргу да ја почувствува атмосферата во исполнетата Веспрем Арена, овој пат како играч на клубот пред своите навивачи.
„Благодарност на ПИК Сегед за сè, но по крајот на договорот целосно се фокусирам на Веспрем. Се чувсвувам добро и среќен сум во новиот тим. Сите се пријателски расположени и се трудат да ми помогнат. Не можам да дочекам за започне сезоната. Моментално живеам сам тука додека сопругата е на одмор, но не ми пречи тоа бидејќи најголемиот дел од денот го поминувам во сала и на тренинг. Сакам што побргу да почувствувам како е да се игра во исполенатата Веспрем Арена. Порано сум бил тука но како играч на противничката екипа, секогаш било исполнето со многу луѓе на трибините и атмосферата беше многу добра“, рече Македа.
Шпанецот беше дел од Вардар со кој освои европска титула во 2017 година, а потоа во 2018 година замина во ПИК Сегед. Од таму после две години се пресели во најголемиот конкурент на тимот во унгарското првенство, Веспрем.