Репрезентацијата на Египет во дербито на вечерта во Јенчепинг ја победи Хрватска со 31:22 (16:12). Египќаните со силен старт одлично го почнаа натпреварот и не им требаше многу време да се прилагодат. Веќе во првите минути направија предност од 5 голови (9:4), а кон средина на првото полувреме предноста беше и +6 (11:5). Хрватите се мачеа со реализацијата во нападот, а свои моменти на голот на Египет имаше поранешниот играч на Еурофарм Пелистер Хендави.
Хрватска никако не можеше да фати приклучок резултатски, а Египет доминираше и набрзо дојде и до +8 во неколку наврати. Најефикасен беше Махмуд со 7 голови од 7 обиди.
На дуелот во катовице Србија не дозволи изненадување во дуелот со Алжир и славеше победа со 36:27 (16:13). По добрио старт на Србија, Алжир успеа да стигне до две изеднчувања 7:7 и 8:8, но потоа Србите ги казнуваа грешките на противникот и со лесни голови од контри обезбедија предност на полувремето.
Србија отпорот на противникот го скрши кон средината на вториот дел и во 45.минута имаше предност од 27:19. Најпрецизен беше Марсениќ со 9 голови.
Светскиот првак Данска имаше само загревање во дуелот со дебитантот на Светските првенства Белгија на дуелот во Малме 43:28 (22:15). Белгија имаше само водство од 1:0, а потоа Данците доминираа во сите елементи.