Селекторот на машката сениорска репрезентација на Египет, Роберто Гарсија Парондо го објави конечниот состав за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.
Искусниот стратег за Светското првенство ќе смета на 18 ракометари, меѓу нив се наоѓа и поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави.
Селекцијата од Африка ќе биде значително ослабена во однос на претходниот Мундијал, бидејќи во составот нема да го има ракометарот на Веспрем, Јахја Омар поради повреда.
Ракометарот на бундеслигашот Лајпциг, Ел Тајар изненадувачки не се најде меѓу избраните ракометари.
Египет ќе игра во група со Хрватска, САД и Мароко, а веќе во првото коло ќе се соочи со „коцестите“.