Репрезентацијата на Данска по високиот триумф над Јапонија во првото коло, мораше да се помачи за вториот триумф на Олимписките игри во Токио. Избраниците на Николај Јакобсен го совладаа Египет со 27-32, но дуелот не беше реприза на оној од полуфиналето на СП и немаше премногу возбудувања.
По 1-1 на стартот, Елдера, Санад и Кадах донесоа плус три за Египет, 4-1. Во овој период Хендави бранеше добро, но и Ландин на спротивната страна. Данците сепак полека се доближија и израмнија на 10-10 по дваесетина минути игра преку Гидсел.
Беше и 11-11, пред избраниците на Роберто Парондо да ја вратат предноста од плус два на своја страна, 13-11. На пауза се замина со 15-14, откако Хансен реализираше пенал во последните секунди од првиот дел.
На стартот на второто полувреме се играше гол за гол, но полека Данците ја преземаа котролата на теренот. Стигнаа до плус два, 18-20 и не му дозволија потоа на ривалот ниту еднаш да се врати барем на реми.
Во 45 минута беше 20-23, а „фараоните“ иако се трудеа не успеваа да се вратат во мечот. Ландин беше одличен на данскиот гол, иако Јахија и Санад два пати го погодија во главата. Данска направи и плус четири, 26-30 на три минути до крајот и веќе беше јасно кој ќе слави на овој натпревар.
Најдобри стрелц кај Данска беа Хансен со девет и Гидсел со осум гола, додека голманот Ландин имаше 14 интервенции. Кај Египет шест гола даде Мохамед, а по пет Елдера и Санад.