Иако постои ризик од откажување на Светското првенство во Египет во 2021 година, организацискиот одбор работи напорно за да ги обезбеди сите услови потребни за одржување на еден таков голем настан. Мундијалот во јануари ќе биде прв на кој ќе играат 32 репрезентации.
Во Египет се градат нови сали, а една од нив ќе биде главен центар за развојот н ракометот во земјата. Новата сала ќе биде база на Африканската ракометна академија, а исто така таму ќе бидат и просториите на националната ракометна федерација.
„Тешко е да се организира Светското првенство во Египет без гледачи и да чекаме до јануари и да се надеваме на фармацевтите, особено што државата му дава големо значење на овој настан. Инсфраструктурата и институциите се подготвени да бидат домаќини на првенството кое за прв пат ќе има 32 земји учеснички. Светското првенство е многу интересен настан за многу спонзори и светот ќе биде сведок на еден легендарен настан. Имаме 3 нови сали во новата рекометна претстолнина, градот Бурџ Ал Араб. Градот е горд што ќе има вакви услови на највисоко можно ниво, трибини со капацитет од 4.500 гледачи, терени за натпревари и тренинг, здравствен центар за националните тимови, седиште на федерацијата на Египет, ИХФ и Ариканската ракометна федерација“, изјави претседателот Хишам Наср.
Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи во септември или октомври во Националниот музеј на египетската цивилизација. Откако беше откажан баражот, репрезентацијата на Македонија се надева на вајлд-карта за настап на првенството.