Европското првенство го доби првиот учесник од квалификациите

Со одигрувањето на неколкуте квалификациски дуели за ЕП 2022 кои беа искористени и како подготовка за Светското првенство стана познат и првиот учесник на шампионатот кој во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Селекцијата на Германија откако и по вторпат ја совлада селекцијата на Австрија успеа да стигне до осум поени со што веќе го има местото на првенството, па им се приклучи на домаќините и на двете селекции кои директно се пласираа, Шпанија и Хрватска.

Беа одиграни и дуели во другите групи, а изненадувањето повторно дојде од селекцијата на Србија која игра сè подобро. Ракометарите на северниот сосед успеаја да освојат бод на гостувањето во Кретеј против Франција.

Во групата каде што е Македонија сега немаше натпревари така што следните дуели се во март кога Данска ќе биде двапати ривал, прво во Скопје потоа и во Данска.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

ГРУПА 1

ФРАНЦИЈА – СРБИЈА     26:26 (12:15)

ТАБЕЛА: 1. Србија 3 бода (53:50); 2. Франција 1 (50:53); 3. Белгија 0 (-1 меч); 4. Грција 0 (-1 меч).

ГРУПА 2

ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА     34:20 (19:5)

БИХ – ЕСТОНИЈА     21:19 (12:9)

ТАБЕЛА: 1. Германија 8 бода (130:91); 2. Австрија 2 (78:98, -1 меч); 3. БиХ 2 (63:68, – 1 меч); 3. Естонија 2 (94:108).

ГРУПА 3

* Следните натпревари се во март

ТАБЕЛА: 1. Русија 3 бода (57:55); 2. Украина 1 (55:57); 3. Чешка 0 (-2 меча); 4. Фарски острови 0 (-2 меча).

ГРУПА 4

ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА     32:23 (12:13)

ТАБЕЛА: 1. Португалија 6 бода (114:104); 2. Исланд 4 (92:69, -1 меч); 3. Израел 0 (22:31, -3 мечa), 4. Литванија 0 (46:70, -2 мечa).

ГРУПА 5

ПОЛСКА – ТУРЦИЈА     35:24 (16:12)

СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА     27:27 (15:13)

ТАБЕЛА: 1. Полска 4 бода (64:48, -1 меч); 2. Словенија 3 (61:50, -1 меч); 3. Холандија 3 (77:87); 4. Турција 0 (74:91).

ГРУПА 6

НОРВЕШКА – БЕЛОРУСИЈА      27:19 (11:10)

ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА     31:29 (17:14)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (91:76); 2. Белорусија 2 (52:52, -1 меч); 4. Италија 2 (81:87); 3. Летонија 0 (48:57, -1 меч).

ГРУПА 7

* Следните натпревари се во март

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (71:48); 2. Македонија 2 (58:47); 3. Швајцарија 0 (49:56); 4. Финска 0 (46:73).

ГРУПА 8

* Следните натпревари се во март

ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 бода (63:46); 2. Романија 2 (66:60); 3. Црна Гора 2 (59:61); 4. Косово 0 (41:62).