Селекцијата на Шпанија продолжува кон одбраната на европската титула со втор триумф на континенталниот собир.
Избраниците на Жорди Рибера по Чешка, ја совладаа и Шведска со 32-28. Скандинавите тргнаа добро, водеа со 3-5, но набрзина европскиот шампион направи пресврт, 6-5.
Беше и 10-10, но во продолжение „фуријата“ заигра уште подобро и на пауза замина со предност од три гола, 17-14.
Во второто полувреме Шпанија ја одржуваше разликата од еден до три гола разлика, Шведска секогаш се доближуваше, три пати и на минус еден, но немаше сили за комплетен камбек.
По 28-27, Тарафета и Кањелас погодија за 30-27 и тука беше крајот. Шпанија е во главната рунда, а Шведска ќе се бори со Чешка за второто место.
ЕП 2022, ГРУПА Е – ТАБЕЛА