Актуелниот европски шампион во женска конкуренција Вајперс Кристијансад објави дека во наредната сезона клубот ќе биде предводен од нов тренер.
Раководството на клубот од Норвешка, кој во последните две сезони доминира на европска сцена, ја информираше тамошната јавност дека актуелниот тренер Оле Густав Гјекстад нема да го продолжи актуелниот договор.
Искусниот стратег кој на Вајперс Кристијансад му донесе две титули во Лигата на шампионите, во сезона 2020/21 и 2021/22, во неговата последна сезона во норвешкиот шампион ќе се обиде да ја освои и третата титула во најквалитетното европско натпреварување.
,,Работиме напорно за да најдеме совршена замена за Оле Густав Гјекстад за наредната сезона. Со ова не се менува стратегијата на клубот, а нашата визија и понатаму е да бидеме на европскиот врв”, изјавија од Вајперс Кристијансад.
Оле Густав Гјекстад ја презеде тренерската функција во Вајперс Кристијансад во текот на 2018 година. Во својата кариера беше тренер и на некогашниот европски гигант Ларвик, како и на машкиот клуб Драмен.