Европскиот шампион не се шегува, ги запали моторите покрај Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”135990″]

Екипата на Вардар, која и понатаму го поседува тронот на Лигата на шампионите од денеска стартува со подготовките за новата сезона. Во строго контролирани услови и без препуштање ништо на случајот, после негативните тестови на коронавирусот сите ракометари (со исклучок на Иван Чупиќ кој оправдано доцни) денеска се појавија на отвореното играчиште во СЦ „Јане Сандански“. Тренерот Стевче Алушовски прозиваше и можеше да го одработи првиот тренинг со момците така што конечно заврши паузата и сега може да се вратат на обврските. На стартот тренинзите ќе бидат на отворено, а како изгледаше денеска на првиот тренинг може да се види од фотографиите во продолжение.