Репрезентацијата на Шпанија која е актуелен европски првак в недела ќе ја брани титулата освоена пред две години во Хрватска. Шпанците денеска го совладаа составот на Словенија со 34:32 во второто полуфинале така што далеку полесно од Хрватите се најдоа во финалниот дуел.
Исто како и првото полуфинале и ова имаше интересен старт. Двете репрезентации влегоа израмнето во натпреварот и имаше надигрување кое траеше до 17. минута кога резултатот беше 8:8. Тука следуваа три гола на Шпанците за прва предност од три гола која беше и најава за продолжение во кое ќе нема многу простор за враќање на противникот.
До крајот на првото полувреме најголемата предност за Шпанија беше пет гола. Првпат „фуријата“ стигна до плус пет при 18:13, а истата разлика остана и на одмор, 20:15.
Во вториот дел од натпреварот Шпанија успеа да го задржи истиот ритам. Уште на стартот стигна до плус шест, но оваа позитива не беше задржана бидејќи како што почна да се одвива натпреварот така Словенија притискаше. Сепак, четири гола беше разликата до која Словенците успеаја да стигнат.
Дури на три минути пред крајот конечно беше фатен приклучок и намалено на два гола. Шпанците имаа само 32:30 и беше јасно дека ќе мора да се притисне со сите сили од двете страни ако сакаат позитивен резултат и финале. На минута до крај резултатот беше 33:32 за Шпанија и ова беше нова драма. За разлика од првото полуфинале каде имаше постојана неизвесност овде Словенците успеаја да се вратат.
Сепак, за завршниот напад на Шпанија немаше одбрана, па Словенците не успеаја да направат подвиг. Европскиот првак оди во ново финале, а таму ќе имаат нова пресметка со Хрватска против која играа и во средата кога ремизираа.
Денеска во редовите на Шпанија тројца ракометари постигнаа по шест гола и тоа: Алекс Душебаев, Раул Ентрериос и Анхел Фернандез Перез. Голманот Перез де Варгас имаше девет интервенции. Кај Словенија седум гола имаше Доленец, а шест Јанц. Ферлин запиша седум одбрани.