Екипата на Пик Сегед во следниот период има неколку натпревари кои ќе бидат загревање за двобојот со Вардар од осминафиналето од Лигата на шампионите, а сосема извесное дека атмосферата во овој клуб е сè пожешка што покажува и фактот дека влезници за реваншот кој се игра на 29 март повеќе нема.
Вардар го пречекува Пик Сегед на 22 март од 17 часот, а една недела подоцна во истиот термин се игра реваншот. Раководството на Пик Сегед одлучи да ги пушти во продажба влезниците за оваа средба, а истите ги снема за само неколку часа.
Оттаму веќе е јасно дека салата ќе биде исполнета до последно место што значи дека Вардар го очекува пеколна атмосфера.
Инаку, Вардар и Пик Сегед и минатата година играа во елиминациите од Лигата на шампионите, но тогаш нивниот дуел беше од четврт-финалето.