Европскиот шампион Вардар покажа дека мисли на својата иднина откако ги продолжи договорите со голем број од младите ракометари што веќе добиваа шанса.
Последен во низата е голманот Васил Гогов, кој потпиша договор на две сезони и ќе остане во „црвено-црниот“ тим до 2022 година.
Тој лани играше за Вардар Јуниор, а за првиот тим добиваше шанса и во СЕХА лига и во Лигата на шампионите.
Претходно од младите ракометари, договорите ги продолжија Ќосевски, Карапалевски, Крстевски, Кизиќ, Атанасовски и Гашовски.