Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани титулата освоена пред две години, а денеска против Хрватска во финалето во Стокхолм славеше со … Оваа победа донесе нов трофеј за Шпанците кои одиграа посмирено во клучните моменти, па во натпревар на нерви и малку голови на крајот успеаја да го освојат трофејот.
Од почеток се виде борбена игра од ракометарите на Хрватска. Тргнаа решително и добро во одбраната, а тоа им даваше резултат. Високото ниво на концентрација им овозможи да се изборат за предност. Од првите минути беше два гола, но Шпанија се врати и израмни на 3:3 во 7. минута.
Тука Хрватите одново влегоа во период во кој беа во предност, но редовно беа во еден погодок. Шпанците на секој гол одговараа со погодок и успеваа да израмнуваат така што до 12. минута беше гол за гол до 6:6.
Конечно еден напад беше одбранет од страна на Хрватска, па до 15. минута предноста на Хрватска беше 8:6, а на почетокот на 19. минута и 10:7. Овде дојде лош период во играта на Хрватска во кој не одеше добро ниту во напад ниту во одбрана. Серија од 4:0 за Шпанија донесе 11:7 во 28. минута кога конечно Мандиќ реализираше за 11:11. Сепак, пред заминување на одмор селекцијата на Шпанија преку Ентрериос реализираше за водство на крајот од првиот дел со 12:11.
Второто полувреме стартуваше со погодок од Степанчиќ. Овој гол за израмнување само ги предизвика Шпанците кои со четири погодоци набрзина дојдоа до 16:12, а тоа се случи во 36. минута. Одбраната на Хрватска почна да игра далеку подобро, а во напад трпеливо се бараше шанса, па полека почна да се топи негативата. Прво во 44. минута беше намалено до 15:16, а потоа до 48. минута имаше малку голови за да се дојде до 18:18.
Шпанците загубија идеја во нападот и тоа ги чинеше целосно губење на високата разлика. Играта на нерви продолжи, па немаше многу погодоци ниту во продолжението. Оттаму во последните минути се влезе со резултат 19:19.
До крајот Шпанија беше во предност, а потоа „фуријата“ знаеше како да стигне до 22:20. Алекс Душебаев беше играчот кој ја завери титулата откако претходно Хрватите направија грешка за реми, па ова беше нов трофеј за Шпанците кои остануваат на европскиот трон.
ШПАНИЈА – ХРВАТСКА 22:20 (12:11)
ШПАНИЈА: Де Варгас (7 одб., 1 сед.), Коралес, Македа 3/6, Фернандез 1/1, Ентрериос 2/4, А. Душебаев 2/4, Сармиенто 2/2, Агинагалде 2/2, Соле 1/2, Гони 1/1, Фигуерас 1/2, Кањелас 2/3, Морос, Гомез Абељо 5/5, Арињо, Гвардиола.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 4 мин.
ХРВАТСКА: Шего (4 одб.), Ашанин (1 одб.), Мариќ 3/4, Дувњак 5/9, Хрстиќ, Степанчиќ, Хорват 2/3, Шарац, Карачиќ 4/6, Муса, Мамиќ 1/1, Циндриќ 0/1, Брозовиќ 1/1, Матановиќ, Мандиќ 1/1, Шипиќ.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 4 мин.