Познати е терминот за гостувањето во Скопје на женската репрезентација на Норвешка, која ги обедини европската и светската шампионска титула.
Европската ракометна федерација ги потврди термините на двобојот на Македонија и Норвешка, во рамките на ЕХФ Евро Купот.
Најпрво на 21 април, избраничките на Торир Хергеирсон ќе гостуваат во Македонија во СЦ „Борис Трајковски“.
Реваншот на гостински терен е само три дена подоцна, на 24 април, со почеток од 16:00 часот во градот Бекестуа.
Претходно, во рамките на ЕХФ неделата, Македонија ќе одигра и двомеч со Словенија, на 3 март во Целје од 18:00 часот и на 6 март во Скопје од 18:30 часот.