Европскиот и светскиот шампион Норвешка доаѓа во Скопје – влезот е бесплатен

В четврток во Скопје ќе гостува актуелниот европски и светски шампион Норвешка во рамките на ЕХФ Евро Купот. Влезот за натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ против Македонија ќе биде бесплатен.

Женската селекција на Македонија ќе биде домаќин на една од најуспешните национални тимови во историјата на ракометот, а тоа би требало да е доволен магнет и за навивачите да ги исполнат трибините.

Иако главните ракометарки на Норвешка ќе одмораат, сепак и со ваков ростер скандинавскиот тим е атрактивен ривал.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот.