„Европа чека да види дали Митревски пак ќе ја запре Данска“ (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ веќе почна да ги најавува случувањата на Европското првенство во 2022 година. Од европската куќа на ракометот се потсетија на одличната партија на Никола Митревски против Данска во квалификациите, кога избраниците на Кирил Лазаров победија со 33-29. Тој имаше 13 одбрани на таа средба, а од ЕХФ поставија интересно прашање. - „Европа едвај чека да види дали Никола Митревски ќе успее одново да ја сопре Данска“....одговорот ќе го дознаеме на 15 јануари следната година.