Ракометарките на Кристијансанд од Норвешка се нови шампионки на Европа откако во финалето го совладаа составот на Брест со 34:28.
Екипата од Норвешка одигра стабилно во текот на целата средба и имаше повеќе од играта. постојано беше во позитива и имаше резултат кој даваше гаранција за трофејот. Нора Мерк имаше добар натпревар и со своето искуство ги предводеше колешките, а одлична поддршка имаше и од голманката Катрине Лунде и Хени Ела Рајстад.
Уште во првото полувреме стана јасно кој ќе победи на оваа средба откако составот на Кристијансанд имаше водство од 18:14. Овие четири гола се одржуваа во вториот дел од средбата и се имаше целосна контрола.
Предноста дојде и до шест гола, а на крајот предноста на тимот на Кристијансанд застана на разликата која најмногу беше присутна на теренот. Кристијансанд стигна до победа од 34:28 и го замени Ѓер на тронот во Лигата на шампионите.
Рајстад го заврши натпреварот со 12 погодоци и со нив беше убедливо најефикасната ракометарка во финалето. Зад неа остана Кнедликова со шест гола. Во Брест прв стрелец беше Грос со осум гола. Лунде ја заврши средбата со 12 интервенции кои беа од голема помош за победата, додека во Брест, Дарле имаше шест.