Европската ракометна федерација денеска го потврди распоредот за новата сезона во Лигата на Европа.
Македонија има еден сигурен претставник во групната фаза, а тоа е вицепрвакот од Автокоманда, како и Вардар, кој мора да игра квалификациски дуел со Рајн Некар Левен.
Двомечот меѓу германскиот и македонскиот тим се игра на 26 август и 3 септември, по што ќе биде познато кој тим ќе им се приклучи на шведскиот Кристијанштад, францускиот Нант и португалската Бенфика.
Тимот од Автокоманда, ќе се соочи со српскиот првак Војводина, шпанската Ла Риоха и данскиот Силкеборг.
Првото коло од групната фаза се игра на 17 октомври, додека последното е на 5 декември, по што ќе бидат познати 16 екипи што продолжуваат во главната рунда.
Распоред на натпревари, Лига на Европа:
1 коло, 17.10.2023, Кристијанштад – Вардар/РНЛ, Алкалоид – Војводина
2 коло, 24.10.2023, Вардар/РНЛ – Нант, Ла Риоха – Алкалоид
3 коло, 14.11.2023, Бенфика – Вардар/РНЛ, Алкалоид – Силкеборг
4 коло, 21.11.2023, Вардар/РНЛ – Бенфика, Силкеборг – Алкалоид
5 коло, 28.11.2023, Вардар/РНЛ – Кристијанштад, Војводина – Алкалоид
6 коло, 05.12.2023, Нант – Вардар/РНЛ, Алкалоид – Ла Риоха