Душебаев се „распука“ уште на стартот – постигна 13 гола во мрежата на Гдањск (ВИДЕО)

Полскиот првак Келце има победнички старт на сезоната во домашното првенство со два убедливи триумфа. На стартот Келце дома го победи Хробри Глогов со 44-24, а потоа славеше на гости кај Вибжеже Гдањск со 41-28. На овој натпревар неверојатна партија имаше некогашниот десен бек на Вардар, Алекс Душебаев. Тој беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне 13 погодоци. Дури пет од нив беа постигнати во последните пет минути од натпреварот. Погледнете ги сите...