Душебаев: Само Вардар и Веспрем може да се „тркаат“ со Келце во поглед на атмосферата

Полскиот првак Келце два пати по ред успеа да го совлада европскиот владател Барселона. Иако на вториот меч во Полска, Келце беше пред пораз и губеше со четири разлика во финишот 23-27, сепак на крајот славеше со 29-27.

Тренерот на полскиот шампион, Талант Душебаев, во интервју за рускиот „Брз Центар“, вели дека навивачите и публиката, биле тие што го понесоа тимот и му ја дадоа поддршката за големиот камбек.

„Според сите закони, ние требаше да загубиме од Барса. Тие цело време водеа и имаа контрола на натпреварот. Но публиката ни помогна. Можеме да бидеме само горди на нив и среќни што имаме такви фанови. Мислам дека само Вардар во најдобрите денови и Веспрем може да се натпреваруваат со Келце во поглед на атмосферата на трибините“, вели Душебаев.

Сега за Келце следува гостински натпревар во Франција против ПСЖ, кој беше претходно совладан во Полска. Дали полскиот првак е способен за уште еден подвиг, останува да видиме.