Полскиот шампион Келце не успеа со победа да ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите.
Тимот, кој во последните две сезони го освојуваше среброто на Ф4 турнирот во Келн, беше поразен од Алборг со 34:31.
Тренерот на Келце, Талант Душебаев, изјави дека само тој е виновен за доживеаниен пораз пред своите навивачи.
,,Ракометарите на Алборг имаа повеќе желба од нас. Кога ќе ја подигнеме границата многу високо, мора да преземеме одговорност за тоа. Загубивме, но продолжуваме понатаму. Погледнете кој беше нашиот противник. Ги гледам моите грешки. Секогаш велам дека тимот победува, а тренерот губи. Единствениот виновен за поразот од Алборг сум јас“, изјави стратегот на Келце.
Келце во второто коло гостува во Норвешка кај тамошниот шампион Колстад, кој во првото коло славеше во Битола против Еурофарм Пелистер.