Душебаев, Карачиќ, Турна…ќе се тестираат против Висла Плоцк, Мешков Брест и Татран Прешов

Ракометарите на Келце подготовките за наредната сезона треба да ги започнат на 23  јули, а веќе ги договорија и првите контролни натпревари. Келце ќе учествува на турнирот во полскиот град Миелец, на кој ќе учествуваат претежно домашни екипи, а засега е потвредн настапот и на словачкиот Татран Прешов.

Екипите кои ќе учествуваат се најдобрите од Полска, Висла Плоцк, Азоти Пулави, Горник Забже, Пјотрковија и домаќинот Стал Миелец. Засега само шампионот на Словачка е странски тим, но се очекува и потврда од Мешков Брест за настап на турнирот.

Овој турнир ќе биде одлична проверка за тимот на Келце пред почетокот на сезоната и борбата за првиот трофеј во Купот на Полска кој треба да се игра пред почетокот на новата сезона, а непосредно после турнирот во Миелец.

Во ситуација кога многу движења се ограничени ширум Европа можноста за пријателски дуели со екипи кои играле Лига на шампиони, особено Мешков Брест е многу позитивна вест.