Вардар загуби катастрофално на гостувањето кај полскиот Келце со 35-25 во осмото коло од Лигата на шампионите и падна на петтото место на табелата. Стратегот на домашниот тим вели дека неговиот тим не ги направил истите грешки од Скопје
„Ние имаме голем респект кон Вардар, се работи за европски шампион. Знаевме дека тимот се наоѓа во тешка ситуација без повредените Толедо и Кристопанс, а Дисингер и Атман само што се вратија на терен. Денеска не ги правевме истите грешки како на првиот меч во Скопје. Вардар и покрај тешката ситуација, пак е меѓу најдобрите тимови во Европа“, изјави Душебаев.
Во следното коло тимот на Вардар ќе има незгодно гостување кај составот на Мешков Брест, а потоа дома ќе го пречека Веспрем.