Репрезентацијата на Шпанија стартуваше со победа во вториот круг од Европското првенство, а денеска забележа триумф над селекцијата на Чешка со 31:25. Со тоа Европскиот првак од пред две години само продолжи со перфектната игра.
После средбата за 24 Ракомет говореше поранешниот ракометар на Вардар, Алекс Душебаев кој денеска беше меѓу поефикасните со пет погодоци.
„Можеби во првите 10 минути не игравме добро, но најважно е дека на крајот од првото полувреме имавме висока предност. Во втоиот дел игравме многу добро. Направивме многу разлика уште на стартот на продолжението, а кога веќе имавме 6-7 гола беше полесно. Секогаш е подобр и во одбрана и во напад кога имате така висока разлика“, изјави Душебаев.
Со оглед на тоа што Шпанија е актуелен европски првак и ја брани круната на ова првенство сега задачата е олеснета бидејќи два кандидати за златото Франција и Данска отпаднаа.
„Знаеме дека ќе биде тешко до крај. Тоа што ги нема Данска и Франција не значи дека е и полесно. Сега сме во добра форма и мораме да ја искористиме оваа добро игра. Ќе биде тешко против секого. И против Австрија која е домаќин. Тука е и Хрватска и нема да биде лесно. Сепак, ако дојдеме до нови победи имаме повеќе шанси за полуфинале и за добар резултат“, изјави Душебаев за 24 Ракомет.
Следниот натпревар Шпанија го има в сабота против репрезентацијата на Австрија од 18:15 часот.