Игор Карачиќ е неизвесен за завршните натпревари од Европското првенство, откако се судрија со колената со клупскиот соиграч Алекс Душебаев.
Карачиќ и покрај тоа што беше со болна гримаса и поткривнуваше, сепак помина низ микс зоната и замина во соблекувалната.
За разлика од средниот бек, десниот бек на Шпанија веројатно има посериозна повреда, бидејќи не помина низ микс зоната и веднаш беше однесен во болница.
Шпанија е прва на табелата поради подобра гол-разлика, а во полуфиналето ќе игра против поразениот од средбата меѓу Норвешка и Словенија.