Најкорисниот играч на младинското Европско првенство, Стефан Додиќ, можеби нема да оди на позајмица и ќе се појави на прозивката на полскиот првак Келце.
Според пишувањата на српски „Журнал“, Талант Душебаев го бара уште ова лето во Келце, а тоа се поклопува со стартот на неговиот договор со полскиот тим. Иако беше најавено дека Додиќ ќе игра во друг тим, најверојатно тоа нема да се случи и Додиќ ќе се бори за место со Карачиќ, Трастарсон, Олејничак…
Имаше информации дека Додиќ би можел да остане и во Вардар следната сезона на позајмица од Келце, но македонскиот првак го ангажира Црногорецот Андреј Добрковиќ, тука е Мартин Карапалевски, а по повредата се враќа и Анте Гаџа.
Додиќ најголемиот дел од кариерата ја градеше во Металург во Автокоманда, а мминатата сезона ја мина во Охрид и Вардар. Со националниот тим на Србија освои бронза на младинското ЕП, а дебитираше и за сениорската репрезентација.