Со оглед на актуелната ситуација низ Европа со коронавирусот многу ракометни шампионати се во прекин, многу натпревари се одложени, а некои првенства веќе и завршија.
Во Полска првенството е стопирано на неодредено време, па тренерот на Келце, Талан Душебаев ги распушти ракометарите.
Карачиќ, Вулф, Фернадез, Агинагалде и останатите добија слободно до 12 април.
„Најважно е здравјето, и нашето и на фановите. Мислам дека ова е логично решение. Ние ќе го загубиме континуитетот, но сепак ќе тренираме индовидуално дома за колку-толку да ја задржиме формата“, изјави десното крило Аркадиуш Морито.