Ракометарите на Вардар го очекуваат натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против полскиот тим Келце. Тренерот на гостите, Талант Душебаев, го отпиша европскиот првак од настап во Келн на завршниот турнир.
„Неколку пати пред стартот на оваа сезона кажав дека ПСЖ, Кил, Барселона и Веспрем се најдобрите четири тима во Лигата на шампионите и најголеми кандидати за пласман на завшрниот турнир во Келн“, изјави Душебаев.
Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра денеска со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.