Веќе добро е познато дека Келце се соочува со големи финансиски проблеми и доведена е во опасност иднината на клубот.
Тренерот Талант Душебаев и претседателот Бертус Сервас имаа изјави на таа тема, а сега Шпанецот откри и повеќе детали. Тој во интервју за реномираниот руски портал „Брз Центар“ изјави дека не е оптимист за судбината на Келце во ваков облик.
„Не ме боли душата за себе. Дури ниту за играчите. Ние секако ќе најдеме друга работа. Можеби и високо платена. Знам што многу од играчите имаат убави понуди. Но тие сакаа да останат во Келце поради колективот, поради тоа што им се допаѓа атмосферата овде“, вели Душебаев.
Келце веќе излезе од една ваква лоша ситуација, но Душебаев смета дека тоа нема да се случи вторпат.
„Имам такво чувство, дека овојпат нема да се спасиме. Ќе биде многу жално, дури и повеќе од тоа. Но на денешен ден не сум оптимист. До лето мислам дека ќе опстоиме. Претседателот Сервас не увери сите нас дека во краен случај до крајот на оваа сезона ќе не исплати од негови лични финансии. Истакна дека до 31 јануари ќе биде познато какви ќе бидат перспективите на клубот“, вели Душебаев.
Голем дел од актуелните ракометари на клубот имаат долгорочни договори, но лесно може да се случи на лето сите да имаат нови ангажмани. Прв на листата за заминување е пивото Артем Каралек, кој е посакуван од Барселона.