Ракометарите на Металург извлекоа реми, 27-27, во натпреварот со шпанскиот Адемар Леон од Лигата на Европа.
Капитенот на металурзи, Даниел Дупјачанец, вели дека ова реми ќе ја зголеми самодовербата пред битките во суперлигашкиот плеј-оф.
„Можам да кажам дека сум горд на соиграчите. Одигравме машки, изгинавме на терен. Во првиот дел бевме одлични. Можеби со мали избрзани грешки, си создадовме да немаме повисока разлика. Адемар беше подобар во вториот дел, посебно во одбраната, нас не стигна заморот. Но, како што знаете, заморот е оправдан во овој момент, ние до пред три дена бевме далеку од комплетни на тренинзите. Бодот радува, малку ми е жал што не победивме, меѓутоа на крај мора да биеме задоволни од она што го постигнавме затоа што Адемар водеше со два гола во последната минута. Сега ни останува да се фокусираме на домашното првенство, ова беше добра увертира пред стартот на плеј-офот и овој бод ќе ни ја зголеми самодовербата“, изјави Дупјачанец.
Металург во првото коло од битката за титулата ќе се сретне со тимот на Пролет во петок на гостински терен.