Дуото „ДД“ повторно ефикасно, Ваљадолид несреќно загуби

Екипата на Ваљадолид во натпревар од 6. коло од Асобал лигата беше минимално поразена од тимот на Торелавега со 29:28.

Составот предводен од Давид Писонеро во поголемиот дел од првото полувреме, кое што заврши нерешено, 11:11, беше во водство, а во еден момент во вториот дел дојде и до 19:16 и во последниот период од натпреварот се играше во егал.

Домаќините со голот на Адриан Фернанез во последните секунди дојдоа до 29:28, со што ја забележаа втората победа во годинешната сезона.

Двајцата ракометари од Македонија, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски беа меѓу најефикасните во составот на Ваљадолид.

Димитриоски имаше 100% реализација, три гола од исто толку обиди, додека Димитриевски од пет обиди имаше три реализации.