Дунареа на Саздовска и Штериова обезбеди четвртфинале во Купот на Романија

Екипата на Дунареа Браила во која настапуваат двете интернационалки од Македонија, Јована Саздовска и Марија Штериова обезбеди пласман во четвртфиналето во Купот на Романија.

Дунареа Браила во осминафиналниот дуел против незгодниот состав на Глорија Бузау триумфираше со шест гола разлика, 31:25.

Покрај Дунареа Браила, пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на ЧСМ Букурешт, Корона Брашов, Таргу, Глорија Бистрица, Слатина, Стинта Букурешт и екипата на Миовени.

Актуелен бранител на Куп трофејот, но и голем фаворит во однос на останатите седум екипи е тимот на ЧСМ Букурешт, кој во четвртфиналето го елиминираше градскиот ривал Рапид Букурешт.