Тимот на Драчево славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 39-31 и остана во трка по место во Суперлигата.
Беше нерешено само на стартот, 2-2, а потоа гостите константно имаа предност на незгодното гостување.
До паузата, Драчево стигна до плус пет, предност која во вториот дел беше рутински одржана и зголемена.
Најдобри стрелци кај Драчево беа Ѓорѓи Дука со 12 гола и Димитар Петковски со осум, додека кај Македонија Ѓорче Петров се истакна Александар Ѓорѓевски со пет гола.
Драчево сега има 31 бод, исто колку и Аеродром на втората позиција, а Мулти Есенс е прв со 38, но и меч помалку, па до крајот на сезоната не чека интересна борба за второто директно место во суперлигашко друштво.