Дука е крал на стрелците во Првата лига, следуваат Димевски, Банцалиски…

Десниот бек на Работнички, Ѓорѓи Дука, сезоната во Првата лига ја заврши како најдобар стрелец. Дука на 26 одиграни натпревари постигна 192 погодоци, од кои 115 во регуларниот дел од првенството и 77 погодоци во плеј-оф фазата од Првата лига.

На второто место на листата на стрелци се најде уште еден ракометар од редовите на Работнички. Левиот бек, Давид Димевски на 26 одиграни натпревари постигна 192 погодоци. Младиот ракометар во регуларниот дел од прволигашкото друштво беше стрелец на 123 погодоци, додека во плеј-оф фазата зад своето има запиша 61 гол.

Организаторот на играта на Партизан од Гевгелија, Ѓорѓе Банцалиски, имаше одлични партии во плеј-аут фазата од Првата лига. На неколку натпревари постигнуваше двоцифрен број на погодоци и со вкупно 175 погодоци, од кои 43 во регуларниот дел и 132 во плеј-аут фазата, го презеде третото место на листата на стрелци.

Еден од ракометарите кои беа најзаслужни за камбекот на Голден Арт во елитата, средниот бек, Ивица Илиев, натпреварувачката сезона во Првата лига ја заврши на 4 место со 165 погодоци. Еден гол помалку од Илиев (164) има членот на Младост Богданци, Митко Караиванов. Ракометарот на Куманово, Влатко Тасевски, со својот тим обезбедија пласман во Супер лигата. Тасевски беше предвоник на својата екипа со 159 погодоци и сезоната ја заврши како шестопласиран на листата на стрелци.

На седмото место е ракометарот од Кичево, Мојсие Тасески со 156 погодоци. Тасески постигна 127 погодоци во регуларниот дел и само 29 во плеј-аут фазата бидејќи не играше на последните натпревари. Ѓорѓи Ташев од Вардар Неготино и Лазар Стојанов од Борец го делат осмото место на листата на стрелци со 148 погодоци, додека 10 место со 144 погодоци го делат репрезентативецот на Македонија и член на Алкалоид, Мартин Серафимов и ракометарот кој играше само во регуларниот дел од сезоната, Иванче Ончев.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, ПРВА ЛИГА – ТОП 10

  1. Ѓорѓи Дука (Работнички) 192

2. Давид Димевски (Работнички) 184

3. Ѓорѓе Банцалиски (Партизан) 175

4. Ивица Илиев (Голден Арт) 165

5. Митко Караиванов (Младост) 164

6. Влатко Тасевски (Куманово) 159

7. Мојсие Тасески (Кичево) 156

8. Ѓорѓи Ташев (Вардар Неготино), Лазар Стојанов (Борец) 148

10. Мартин Серафимов (Алкалоид), Иванче Ончев (Астраион) 144