Дуел за историја: Ракометарите на Барселона го надиграа поранешниот тренер

Шпанскиот гигант и актуелен освојувач на Лигата на шампионите, Барселона, на свој терен немаше големи проблеми против поранешниот тренер Чави Паксвал, кој сега ја предводи екипата на Динамо Букурешт. Барса дојде до својата трета победа откако славеше со 36:32 во рамките од 4. коло во најквалитетното европско натпреварување.

Уште на самиот старт, Барселона покажа дека на противникот од Романија ќе му треба голема борба и сила доколку сака добар резултат. Домашната екипа тргна сигурно и веќе по десет минути игра имаше солидно водство од 7:3.

Водството на Барселона постепено се зголемуваше, во делови од натпреварот изнесуваше седум разлика, додека на полувреме, избраниците на Карлос Ортега заминаа со предност од пет разлика, 19:14.

Веќе во вториот дел ракометарите на Чави Пасквал го препуштија натпреварот во рацете на својот противник. Последните дваесетина минути беа повеќе формалност и мирна завршница за домаќините.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Барселона, Дика Мем, кој постигна 12 гола. Во екипата на Динамо Букурешт прв стрелец беше Валентин Гионеа со седум погодоци.

Во 5. коло од Групата Б, Барселона за следен противник го има ПСЖ. Динамо Букурешт гостува во Украина кај Мотор Запорожје.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107