Екипата на АЕК Атина за следен ривал во Лига на Европа го има составот на Еурофарм Пелистер. Во минатите два натпревари, шампионот на Грција славеше против Татабања и Ним.
Тренерот на АЕК Атина, Димитрис Димитрулиас очекува позитивен резулат против избраниците на Жељко Бабиќ.
„Нашиот фокус е насочен кон натпреварот во вторник од Лига на Европа. Дуелот против Еурофарм Пелистер има двојна вредност и мора да победиме. Ништо на овој натпревар нема да биде лесно, но со работа и добра концентрација можеме да постигнеме позитивен резултат. Ние не сме аутсајдери во Европа, нашиот противник добро нѐ познава и сигурно има направено добра анализа“, изјави Димитрулиас.
Натпреварот помеѓу екипите на АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра на 16 ноември со почеток од 18:45 часот во Халкида.