Германскиот Кил славеше на пријателскиот натпревар против лидерот на Втората Бундес лига – Хамбург, со убедливи 25-34, откако и на полувремето имаше предност од осум голови, 8-16.
Тренерот Филип Јиха сметаше на сите ракометари кои настапија на Европското првенство, па дури и на Домагој Дувњак, кој само три дена по финалето се врати во Германија, и директно од аеродром се појави на натпревар.
Против Хамбург настапија и Винчек, кој имаше мала повреда на ЕП, како и Штефан Вајнхолд, кој паузираше подолго време, но и двајцата ќе бидат подготвени за средбата со Вардар.
Најдобри стрелци во Кил беа Ландин и Билик со седум, односно пет погодоци, додека Рмел и Вајнхолд дадоа по четири. „Зебрите“ ќе одиграат уште еден натпревар од Бундес лигата (1 февруари против Хановер) пред соочувањето со Вардар на 5 февруари.