Утре продолжуваат возбудувањата во Првата лига, а дерби натпревар ќе играат Скопје 2020 и Шампион. Моментално тимот предводен од Андријана Будимир е на лидерското место во плеј-оф натпреварите во Првата лига, додека Шампион кој е второпласиран, најави борба за самиот врв на табелата.
И двата клубови од главниот град имаат големи шанси следната сезона да настапат во Суперлигата. Еден од поискусните ракометари во составот на Шампион, левото крило Есад Дрпљанин очекува тежок натпревар до самиот крај, но смета дека клубот заслужува добар пласман на крајот од сезоната.
„Очекуваме тежок и неизвесен натпревар. Имаме и ние свои адути како што има и противничката екипа. Сакаме да останеме и понатаму без пораз и ќе го дадеме својот максимум. Резултатите до овој момент се плод на тимскиот дух во клубот кој навистина е на завидно ниво, одиме чекор по чекор од натпревар во натпревар, па се надеваме на подобар пласман. Работиме напорно со нашиот тренер, Слободан Чивлачки и целта е да оствариме солидни резултати”, изјави Дрпљанин.
Натпреварот помеѓу двата скопски клубови ќе се одигра со почеток од 17:30 часот.