Исланд заедно со Данска и Норвешка испратија писмо до ИХФ дека се заинтересирани за заедничка организација на Мундијалите во машка конкуренција во 2029 и 2031 година.
Првиот човек на исландската ракометна федерација Гудмундур Елафсон го потврди интересот за организација на дел од групите на Светското првенство.
,,Заедно со ракометните сојузи на Данска и Норвешка покажавме интерес за организација на Светското првенство за мажи во 2029 или 2031 година. Можеме да кажеме дека ние го направивме првиот чекор”, изјави Елафсон.
Данска и Норвешка имаат големо искуство во организација на Европски и Светски првенства, не само во машка, туку и во женска конкуренција. Овие две земји заедно со Хрватска ќе бидат домаќините на Мундијалот во 2025 година.
Исланд низ својата историја само во далечната 1995 година беше домаќин на Светското првенство во машка конкуренција.
Организатор на Мундијалот во 2027 година ќе биде Германија, која ќе го организира и Европското првенство следната година.